Утрински Весник
Македонија

Да бидеме хумани – Да му помогнеме на Матео да се врати дома

Image 209220.png

Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите. Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува. Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири.

Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома. Тие информираат дека се одбиени од Фондот за здравство и потребна им е нашата помош.

На семејството му се побарани 15 илјади евра за продолжување на лекувањето, а досега се собрани речиси 20% од неопходните средства.

Може да се донира ECrowd платформата на следниот линк.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово