Утрински Весник
Спорт

„Да беше Англичанец, на Новак ќе му изградеа палата веднаш до Бакингемската“

Novak Djokovic Splits With Tennis Coach Goran Ivanisevic.jpg

Горан Иванишевиќ, до пред една недела тренер на Новак Ѓоковиќ, во интервју за „Спортклуб“, се вклучи во дебатата за најдобриот тенисер на сите времиња. За најголем дел од тениската јавност најдобар во историјата е токму Ѓоковиќ, но постојат и оние кои велат дека „Ѓоковиќ е статистички најдобар тенисер во историјата“.

„И тој неодамна кажа, дека има врска од каде е и никој не може да ме разубеди. Да беше Англичанец, до Бакингемската палата ќе изградеа палата само за него… Има врска од каде си, ние од овие краишта, и вие и ние, треба два-три пати да направиш нешто за да те препознаат, едноставно тоа така одии… И славата и се останато, треба три пати подобро да го погодиш форхендот за да те препознаат. Глупости… И секогаш ќе му најдат нешто, да, но тогаш и таму не го направи тоа и тоа. Порано бројките беа важни, сега не се. Тој е најголем за мене – и според бројките и според се што има врска со тенисот. Ако ја погледнеме големата тројка, има различни типови играчи и енергија, но за мене Новак беше најголем. уште пред да станам негов тренер“, вели Иванишевиќ во големото интервју за Спорт Клуб и додава:

„Го почувствував тој различен третман и како играч, а богами и како негов тренер. Секогаш е „а вие Балканците“… Короната ми беше дополнителен мотив – епа нема сега, тука сме ние, не сме многу, но ќе има борба. Оној човечки дел што го имавме и што јас му го понудив, тоа е сепак најважно. Секогаш ќе бидеме пријатели. А резултатите остануваат, што и да мисли некој за мене, не ми е ни гајле, никој не може да ги избрише“.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност