Утрински Весник
Македонија

Д-р Ѓорѓиевски: Проблем при вакцинација се антиваксерите, но и оние кои закажуваат термин за вакцина а потоа не доаѓаат

Zrak19.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК доктор Драган Ѓорѓиевски посочи дека при процесот на вакцинација, матичните лекари и вакциналните пунктови имаат проблеми со луѓе кои се декларираат како антиваксери.

„Има многу антиваксери и ние тешко се справуваме со тоа. Има луѓе кои сметаат дека нивните деца не треба да се вакцинираат со некоја вакцина со некоја доза или пак воопшто да не се вакцинираат“ рече тој.


Ѓорѓиевски истакна уште еден проблем при вакцинацијата, а тоа е фактот што одредени пациенти закажуваат термин а потоа не се појавуваат на вакцина против сезонски грип, додавајќи дека бројот на вакцини не е неограничен.

„Во однос на вакцини за грип исто има проблем. Претходно матичниот доктор ти бркаше термин а сега сам можеш со регистрација на вакцинација.мк да си закажаш термин во кој вакцинален пункт ти одговара и после треба да се појавиш на терминот, но некои луѓе не се пријавуваат, значи зафаќаат термин а не го откажуваат“ порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет 

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници