Утрински Весник
Македонија

Д-р Чибишев предупредува: Увезениот мазут во Македонија носи смртоносни последици по здравјето

Andon Cibisev.jpg

Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев, во објава на Фејсбук предупредува за опасностите од мазутот што се увезувал во Македонија, истакнувајќи дека неговото согорување ослободува штетни хемикалии кои ја загадуваат животната средина и претставуваат сериозна закана за здравјето на граѓаните.

„Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот. Тој, внесен акутно, може да го загрози животот, а на долг рок предизвикува сериозни нарушувања на нервниот систем, коагулацискиот процес, срцето, бубрезите, црниот дроб, имунолошкиот систем, менталниот развој и забавување на растот кај децата. Исто така, може да доведе до крвни болести, вклучувајќи и леукемија“, напиша д-р Чибишев.


Оваа објава отвора сериозни прашања за контролата на квалитетот на увезеното гориво и потребата од итна реакција на надлежните институции за заштита на здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Продор на посвеж воздух од север и ново силно невреме доаѓаат во Македонија!

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети