Утрински Весник
Македонија

Д-р Беќаровски со предлог: Државни маркети за пониски цени на храната?

Img 3475.jpeg

Познатиот токсиколог, д-р Нико Беќаровски, предложи начин како да се спречи растот на цените на храната, кои секојдневно растат.

Тој ја оживеа идејата за некогашните народни продавници, познати како „НаМа“ (Народен Магазин), и предложи нивно повторно отворање низ цела Македонија.


„Зошто да не отвориме државни супермаркети ‘НаМа’, кои ќе работат со фиксна маржа од 10% на сите производи? Газдите на приватните маркети нека одлучат со колкава маржа ќе се ‘заситат’. Ем профитот од преку 35 милиони евра ќе остане во државниот буџет, ем цените ќе станат европски,“ порача Беќаровски во својата фејсбук објава.

Останува прашањето дали оваа идеја од минатото може да се реализира во денешното капиталистичко време и дали ваков модел би помогнал во стабилизирањето на цените на храната.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери