Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Pozari Cuk 1024x577 1.png

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 39 пожари на отворен простор. Од нив, сѐ уште активни се пет пожари, под контрола е еден, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, мешана шума гори на планината Мукос, кај селото Степанци и место викано „Кациица“, на граница меѓу општините Долнени и Чашка. Ниска вегетација и нискостеблеста шума се опожарени во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај место викано „Крста“. Ниска вегетација гори меѓу селата Горно Количани и Љубош во општина Студеничани. Нискостеблеста шума и сува трева горат меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали на територијата на општина Штип. Последниот активен пожар е во општина Лозово, кај селата Дурфулија и Каратманово, каде гори борова шума.

„Под контрола“ е категоризиран пожарот на планината Галичица, на територија на општините Охрид и Ресен.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари