Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина

Spasuva Vodno.jpg

Во координирана акција на повеќе субјекти од Системот за управување со кризи, доцна попладне и во почетокот на ноќта, бил спасен чешки планинар, скијач, на Шар Планина, кој бил повреден, инфромира ЦУК.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека денеска (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК е добиена пријава од чешки планинар – скијач дека еден негов колега – исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош.


По примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повреден планинар, на крајот од денот, пред да настапи ноќта кога студенилото се засилува и видливоста и заради мракот и заради магла на места, веднаш раководителот на РЦУК Тетово стапил во контакт со Националниот „Парк Шар Планина“ од каде што известиле дека тие стапиле во контакт со Горската спасителна служба на Попова Шапка, кои потврдиле дека ги добиле координатите за локацијата на повредениот планинар. Потоа итно се упатиле со специјализирано возило за движење по длабок снег – „ратрак“, за да го извлечат повредениот планинар од местото на несреќата и да го превезат до центарот „Попова Шапка“. Кон тоа место на преземање на повредениот, паралелно со нивната спасителна акција за извлекување од повисоките снежни делови на Шара, од Итната медицинска помош од Тетово испратиле амбулантно возило за со него да биде пренесен повредениот до Клиничката болница во Тетово.

Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, покрај ЈП „Национален парк Шар Планина“ и Итната медицинска помош, за настанот биле известени и „Елем Турс“ – државната компанија што стопанисува со Попова Шапка, Полициска станица (ПС) Попова Шапка, а и Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) Тетово.

Од ПС Попова Шапка, на почетокот на ноќта, во ЦУК била добиена повратна информација дека повредениот бил безбедно извлечен од планинскиот снежен повисок дел на Шара и на првата можна точката за преземање на асфалтен пат префрлен во возилото на Итната медицинска помош со што почнал транспортот, со медицински надзор и нега според потребите, до клиничката болница во Тетово.

Можете да прочитате

„Бев нападнат од пациентите“, напишал докторот од Клиниката за урологија кој беше даден на дисциплинска поради што не прегледал пациент со карцином

Мицкоски размислува за промена на државниот грб, но не и за промена на химната

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите