Утрински Весник
Македонија

ЦУК со вонредна информација за поплавите

Poplavi.jpg

Центарот за управување со кризи утрово излезе со вондредна информација за состојбата по обилните врнежи, излевања и поплави низ државата.

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште

Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба

Во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката

Во Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност

Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби

Во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис и од која се запленети 30 тони марихуана

Му се губи трагата на млад прилепчанец, семејството моли за помош

40годишна жена осомничена за посредување на проституција