Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров

ЦУК: Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од граѓани доцна синоќа, пред полноќ, презеде активности за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

„ Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот – надвозник веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено. Притоа, информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие „Улица и патишта“ излегло на терен и хитно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните. Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за состојбата.

ЦУК, во оваа прилика, изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК)“.

Граѓаните, самоорганизирани во „фејс“ групата Мое Ѓорче, како што додаваат од ЦУК, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опсноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!