Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пронајдено човечко тело во Вардар, најверојатно е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“

Временските услови ја прекинаа потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар
Dik 300x250 mk

Центарот за управување со кризи соопшти дека попладнево е пронајдено човечко тело во водите на реката Вардар, за кое се претпоставува дека е лицето кое вчера се фрли од мостот „Близнак“ на булевар „Србија“.

dobivaj vesti na viber

„ Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е она коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” во реката Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од мостот, соопштија од ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, телото е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

Денеска со чамец се вршеше потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито од страна на специјализираните единици на МВР.

Можете да прочитате

Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство

Два автомобили излетале од патот, еден удрил во заштитна ограда, возачите тешко повредени