Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пријава за змии во Скопје и Прилеп

20240606092629 Big 730x400 49 E1717660179568.webp.webp

Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.

– Преку единствениот повикувачки број за итни повици – 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица – Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.

Можете да прочитате

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика