Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Превентивни мерки по информациите за зголемен водостој на Вардар и помалите реки

ЦУК: Превентивни мерки по информациите за зголемен водостој на Вардар и помалите реки

ЦУК предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројните суводолици особено во реони на поројните поплавувања, а и на територијата на целата држава, каде што ќе има поројни локални дождови. Според прогнозата на УХМР и денеска се очекуваат локални краткотрајни, но поројни дождови.

dobivaj vesti na viber

Во таа смисла Центарот за управување со кризи (ЦУК) презема превентивни и координативни мерки утрово и по информацијата од УХМР за зголемен водостој на локални реки и реката Вардар.

Конкретно беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина, Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на Река Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар. Во тој контекст, како што повисокото ниво на реката – „полавниот бран“, се движи по течението така се очекува и висок водостој на реката Вардар во Скопје, а секако потоа во текот на денот и низводно во Велешкиот регион.

ЦУК преку Секторот за операции и координација презема превентивни и координативни мерки утрово со зголемување на готовноста за информирање и дејствување со субјектите за управување со кризи при можни елементарни локални непогоди во Скопско, Велешко, Кумановско, а и други региони што се реализира и преку другите регионални центари за управување со кризи во државата.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат