Утрински Весник
Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Cuk 396759 399441 414855.jpg
Dik 300x250 mk

СМС пораки стигнуваат до дел жителите во нашата држава, два дена по донесувањето на одлуката на Владата за прогласување кризна состојба поради пожарите.

„Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шимските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во пораката со потпис ЦУК.


Пораката е на македонски јазик со латинична поддршка.

Од ЦУК појаснуваат дека се врши тестирање на системот кој набрзо треба да се имплементира.

Поконкретно тестирањето е во насока на подготвеноста на мобилните оператори, на колкав број корисници оддеднаш можат да испратат порака со предупредување без проблеми.

-Целта на тестот е да се провери кои се можностите за праќање на вакви масовни пораки кои во иднина треба да бидат дел од системот „cell broadcasting“ или масовно праќање на пораки во случај на кризна ситуација за известување и тревожење. ЦУК има обврска да го импелементира овој систем и отпочнато е со подготовки за изработка на физибилити студија за овој систем, појаснуваат од ЦУК.

Можете да прочитате

Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора- собирала пари за данок, па 10.000 евра ставила во џеб

Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари