Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола, но нема активно горење

ЦУК: Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола, но нема активно горење

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека нема активно горење на пожарот кај Богданци, но пожарот сѐ уште не е ставен под контрола.

dobivaj vesti na viber

„Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сеуште не е ставен под контрола“, велат од ЦУК.

Појаснуваат дека пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од ДЗС, Национални Шуми и јавното комунално претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат.

На терен, според информациите од оваа институција се вкупно околу 65 лица како и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.

Според ЦУК, доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат три Ер Трактори на ДЗС како и два хеликоптери на МВР.

Засега нема опасност по населението, велат надлежните.

Можете да прочитате

Професори, пејачи и инфлуенсери на платен список на Државна лотарија

СДСМ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дефокус, анти ЕУ кампања, криминал и корупција

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”