Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожар на врвот на планината Жеден, се очекува да се изгасне поради ниските ноќни температури

Stara.jpg

На врвот на планината Жеден доцна попладнево избувнал пожар, јавува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека поради непристапниот терен, скопската Противпожарна единица не можела да интервенира.

„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне во текот на ноќта“ соопштија од ЦУК.

Од ЦУК информираат и дека доколку утре наутро сѐ уште има пожар на овој дел од Жеден, ќе ангажираат воздухоплови за гасење на огнот.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во паника од Лаура Ковеши и од бомбите

Магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Се избира директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност