Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

Искрење на бандера, предизвика пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА.

dobivaj vesti na viber

Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави дека во моментот се интервенира на негово гаснење.

,,Во 19:05 часот на телефонскиот број 112 пријавен е пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинерија ОКТА кој настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. Во моментот на местото на настанот се екипи на БППЗ на Град Скопје и полиција. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот нема опасност од негово проширување”, се вели во соопштението од ЦУК.

Можете да прочитате

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка, а ниту еден кандидат не е Албанец, велат од ДУИ

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството

Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“