Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Поради најава од невреме во наредните денови можна e појава на одрони и свлечишта и зголемување на водостојот на реките

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд на повеќе места, грмежи и засилен ветер, информираат од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Локално, процесите се очекува да бидат во форма на невреме, со силен ветер, со изолирана појава на град, а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд. Бидејќи локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и на одредени места локално за кратко време да навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците низ земјава.

„Доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми. Притоа, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта“, соопшти ЦУК.

Препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови, пред се во попладневните часови, се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР