Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Poplava Posledice Oko8c8b661.jpg

– Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Можете да прочитате

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните новинарски награди

Министерството за односи меѓу заедниците организираше настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик