Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Отстранета стара граната, еден активен пожар на отворено

112.webp.webp

Регионалниот ЦУК Битола информира дека вчера во 10.30 часот, од пиротехничар на битолската ДЗС, од рудникот „Брод“ била безбедно подигната артилериска граната со калибар од 155 мм. со потекло од Првата светска војна, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

– Од пожари на отворено, во последното деноноќие има два. Еден утрово сѐ уште се води како активен, според добиените досегашни информации. Конкретно, РЦУК Велес известува дека во 15.22 часот бил пријавен пожар на отворен простор во атар на селото Подлес. На лице место била екипа на ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, со едно теренско возило и петмина вработени. Пожарот е лоциран во реонот селата Подлес – Крајници – Крнино, каде гори нискостеблеста шума и смрека. Поради лошиот и непристапен терен и настапување на ноќта, вработените од јавното претпријатие се повлечени од терен, за ако е потребно во текот на денешниот ден, повторно да се организираат со екипа за гаснење на пожарот, појаснија од ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Крушево од 14.55 до 17.15 часот, со два пожарникара и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација и ја изгасиле во атар на селото Врбоец.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено и редовно да се чистат локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

– Во последното деноноќие имало вкупно 1.972 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, од коишто „реални“ повици биле 40,97 отсто, а 59,03 проценти за други потреби на граѓаните, не итни. Кон полиција биле упатени 68,19 отсто, кон Итната медицинска помош 28,74 проценти, кон пожарникарите 1,84 од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност