Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11

Cuk 396759 399441 414855.jpg

Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума), Општина Долнени – с. Лажани (ниска вегетација), Општина Тетово – ул. 146 (сува трева и смет), Општина Врапчиште – с. Добри Дол (запалена нива), Општина Кичево – с. Цер (запалено ѓубре и ниска вегетација), Општина Кичево – с. Челопеци (ниска вегетација), Општина Делчево – с. Вратиславци (ниска вегетација) и Општина Виница – над „Мебел Ви“ (ниска вегетација).


Можете да прочитате

Трендафилов: Работници беа под силни притисоци и закани за да не излезат на протест

Маричиќ со свечена заклетва го презеде мандатот како претседател на ДИК

Парламентарното собрание на Советот на Европа со одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија