Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период

Cuk.png
Dik 300x250 mk

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период. На состанокот директорот на ЦУК, Мухамед Али и заменик директорот, Трајче Јовановски, ја истакнаа важноста на навремената координација, комуникација и заедничко делување на сите институции во Системот за управување со кризи.

Какао што информираат од ЦУК, на состанокот се разговараше за состојбата на терен, временските прогнози, состојбата на патиштата и можните појави на свлечишта и одрони, како и за нивото на водостоите на реките и другите критични точки.


Се разгледаа и активностите на Црвениот крст поврзани со згрижување и помош на загрозените лица и бездомниците.

-Целта на состанокот беше зајакнување на координацијата и комуникацијата меѓу сите субјекти во Системот за управување со кризи, за навремено реагирање и преземање мерки при евентуални ризици и опасности во зимскиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од навремено известување, користење на бројот 112 за итни повици и размена на оперативни планови меѓу институциите, соопшти ЦУК.

ЦУК, се нагласува во соопштението, ќе продолжи со редовно следење на состојбите и со координација на активностите со сите надлежни субјекти, со цел обезбедување навремена и ефикасна реакција во претстојната зима.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

Пет лица се повредени во сообраќајка кај штипската населба Три чешми

Синот на Венко Филипче „заплива“ во бизнис водите – станува трговец на облека на мало