Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изминатото деноноќие девет пожари на отворено

1708935880 112.jpg

Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 44,75  отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 отсто, а кон пожарникарите 2,73 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Можете да прочитате

Две лица киднапирале 21 годишно момче од Неготино

Уапсени 10 возачи, осум од нив возеле без возачка

ВМРО-ДПМНЕ: Нема тајни договори со Орбан