Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

Pozar425.jpg

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четри се уште се активни. Активни пожари има на територија на Општина Чучер-Сандево, кај село Танушевци, во месноста викана Рамно, во Општина Чашка, на планината Мукос, кај село Степанци, во месноста викана Кадиица и селата Оморани и Ораов Дол, во Општина Прилеп, кај селата Пештани, Кокре и Кален и во Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, во близина на полигонот Криволак.

Како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во демирхисарското село Вардино.

Во скопскиот регион изгаснати се повеќе пожари, меѓу кои на територија на Општина Сопиште, кај село Јаболци, во месноста викана Краста, во Општина Ѓорче Петров, кај село Кучково. Три пожари се изгаснати на во Општина Бутел, едниот кај Качанички Пат и два кај село Љуботен, во Општина Гази Баба, кај село Јурумлери.

Изгаснати пожари има и во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Гостивар, Врапчиште, Прилеп, Долнени, Битола, Кочани, Кичево, Струга, Штип, Теарце, Боговиње и Крива Паланка

Можете да прочитате

Македонец приведен во Виена, ја нападнал неговата бремена сопруга

Директорот на БЈБ има двојник – се појави негов лажен профил

Македонец се удави во река во Швајцарија