Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Pozar.jpg

Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). 

Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.


– РЦУК Демир Хисар ја пренесуваат информацијата од ЈКП Комуналец Демир Хисар во која се наведува дека е започнат пожар на градска депонија во Демир Хисар. Интервенираат од ТППЕ Демир Хисар четворица пожарникари со две ПП возила, ЈКП Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина. Дополнително е побарана помош од уште еден приватен субјект со една градежна машина која се уште не е пристигната, соопштуваат од ЦУК.

Пожарот, додаваат, засега е под конрола и нема проширување на останатиот дел од депонијата, но, како што велат, поради појавата на ветер гаснењето е отежнато. 

– Горат автомобилски гуми поради што има појава на густ  црн чад, пожарот  засега е под контрола нема проширување на останатиот дел од депонијата меѓутоа поради појава на ветер гаснењето е отежнато, додаваат од ЦУК. 

Можете да прочитате

Брза кражба: Во домот на Битиќи за 3-4 минути исчезна сефот 

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи