Утрински Весник
Македонија

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати

Pozar 2.webp.webp

До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки); Општина Македонски Брод – село Крапа (нискостеблеста шума); Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума); Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен) и во Општина Тетово: кај бензинска пумпа „Окта Петрол“ (нива).


Од четирите пожари што се ставени под контрола, три се на територијата на Општина Македонски Брод: село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); село Слатина (мешана шума); и Слатина (нискостеблеста мешана шума), како и во Општина Делчево – Градска депонија Острец (депонија).

ЦУК во соопштението утрово информира и за 27 изгаснати пожари:

Општина Шуто Оризари: с. Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: ул. „Трета македонска бригада“ (сува трева)
Општина Кисела Вода: ул. „Малешевска“, Драчево (сува трева)
Општина Студеничани: с. Батинци (ѓубре)
Општина Струмица: с. Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Василево: с. Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Велес: градска депонија (ѓубре)
Општина Кавадарци: ул. „Диме Туриманџов“ (ѓубре)
Општина Карбинци 1: с. Горни Балван (сува трева)
Општина Карбинци 2: с. Крупиште (сува трева)
Општина Карбинци 3: с. Радање (стрниште и сува трева)
Општина Делчево 1: место викано Брежје (грмушки и сува трева)
Општина Делчево 2: место викано Брежје (грмушки, смрека и дел борова шума)
Општина Кочани 1: Спомен-дом „АСНОМ“ (сува трева)
Општина Кочани 2: кај с. Јастребник и с. Полаки, место викано Бабиште (шума и сува трева)
Општина Куманово: Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: с. Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: с. Конопница (борова шума)
Општина Крива Паланка: с. Лозаново
Општина Желино: с. Ларце – с. Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово 1: с. Џепчиште (сува трева)
Општина Тетово 2: пат Тетово – с. Селце (дива депонија)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Прилеп: кај Салида (сува трева)
Општина Долнени: с. Долнени (сува трева)

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци