Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Десет пожари на отворено во последното деноноќие, активен пожарот во општина Македонски Брод

112.webp.webp

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Се уште активен е пожарот во општина Македонски Брод.

Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод вчера во 18:10 часот имале пријавен пожар на отворен простор, високо во планина на месноста „Брајча“ меѓу селата Крушје и Томино Село, каде, како што се наведува, се претпоставува дека гори папрат и ниска вегетација.

– Во текот на утрово и денешниот ден е планирано да се направи попрецизна проценка на ситуацијата за евентуално дејство, соопшти ЦУК.

По еден изгаснат пожар имало на територија РЦУК Штип, РЦУК Скопје и РЦУК Куманово, по два пожара на територија на РЦУК Охрид и РЦУК Тетово и РЦУК Битола за три изгаснати пожари на отворено.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.825 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 43,35 отсто, а 56,65 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,06 отсто, кон Итната медицинска помош 38,71 отсто, а кон пожарникарите 1,43 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Можете да прочитате

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Оштетен автомобил и покрив на куќа – Битолчани вознемирени од невремето кое ги зафати (ФОТО)

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова