Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни се четири пожари, сè уште гори и на „Дрисла”

Pozar.jpg

Изминатото деноноќие биле изгаснати 23 пожари на отворен простор.

Пожарот на депонијата „Дрисла“ утринава сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на овој пожар вчера интервенираа десет противпожарни возила, а беше направен и противпожарен појас за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата.


Покрај овој пожар, активни се уште три други. Во Општините Липково и Гази Баба кај селата Никуштак и Булачани гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума. Борова шума гори кај селото Татеши во Општина Струга, а во оваа општина гори и ниска вегетација кај населбата Еленкамен.

Од ЦУК велат дека утринава под контрола се два пожари на отворен простор и тоа во Општина Берово кај селото Русиново каде гори дабова и букова шума и папрат. Под контрола е и пожарот на депонија кај селото Куклиш во Општина Струмица.

Изминатото деноноќие, како што велат од ЦУК, изгаснати се 23 пожари каде во најголем дел горела ниска вегетација, ѓубре и стрништа.

Можете да прочитате

Забрана за движење во Вардариште – „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи

Потресно сведоштво на пејачката Јулија за починатата млада Адријана: Ќерка ми гледаше Господ во Нино, а тоа беше тивко убиство со несоодветна терапија

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер