Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола

Pozar 1.webp.webp

Вкупно 26 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, до осум часот утрово. Активни се два, ставени под контрола се четири, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има на територија на општините Берово и Липково. Во место викано „Безгашево“, село Русиново, горат дабова, букова шума и папрат. Во подрачјето на село Никуштак горат нискостеблеста деградирана шума и дабова шума.


Ставени под контрола се пожарите во општините Берово каде висококвалитетна борова шума е опожарена над туристичка населба Абланица, потоа во Виница каде под контрола е ставен пожарот во фабриката „Винчини“. Во Општина Гази Баба, ќубриште е запалено на депонијата „Вардариште“, а мешана шума е опожарена во регионот на село Косово Дабје, Делчевско.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Битола, Гевгелија, Струмица, Дебар, Струга, Гостивар, Долнени, Крушево, Старо Нагоричане, два во Тетово, и по три во Прилеп, Куманово и Илинден.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд