Утрински Весник
Спорт

„Црвените ѓаволи“ лесно се справија со Евертон

„Црвените ѓаволи“ лесно се справија со Евертон

На „Олд Трафорд“ го заборавија поразот и бледото издание против Њукасл. Манчестер јунајтед забележа лесна победа во дуелот со Евертон 2:0 (1:0), во 30.коло. Сенка на победата фрли повредата на Маркус Рашфорд.

dobivaj vesti na viber

Манчестер јунајтед, ја оправда фавориската улога и го победи Евертон. „Црвените ѓаволи“ се зацврстија на позицијата која носи пласман во Лигата на шампионите, додека „карамелите“ ќе ја продолжат борбата за опстанок.

Манчестер јунајтед победи со головите на Мектоминеј во 36. и Марсијал во 71.минута.

Уште поубедлив триумф на Јунајтед спречи англискиот репрезентативен голман, Џордан Пикфорд, кој имаше седум успешни интервенции.

Она што го загрижи Ерик Тен Хаг е повредата на Рашфорд. најдобриот стрелец на Јунајтед во 79.минута сам ја напушти играта. Најверојатно станува збор за повреда на препоната. Извесно е дека тој нема да игра во четврток против Севилја.

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони