Утрински Весник
Спорт

Црвена звезда ќе го повлече дресот со број 11

Црвена звезда ќе го повлече дресот со број 11

Собранието на фудбалскиот клуб Црвена звезда ја потврди одлуката на Управниот одбор да се повлече дресот со број 11 на крајот од актуелната сезона, во чест на Драган Џајиќ.

dobivaj vesti na viber

„Нема зборови со кои можам да ви се заблагодарам за толку големото признание како пензионирање на дресот со број 11. Кога ќе поминете 60 години во Црвена звезда, а потоа ќе добиете признание, тогаш навистина треба да бидете среќни и задоволни“, рече Џајиќ. на вонредната седница на клупското Собранието.

Тоа значи дека репрезентативецот на Гана, Осман Букари, ќе биде последниот играч на Црвена звезда кој ќе го носи дресот со број 11.

Дресот со број 11 е трет пензиониран од црвено-белите по бројот 12 посветен на навивачите на Црвена звезда и 26 кој беше пензиониран по смртта на Горан Гогиќ.

Можете да прочитате

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ распродадени за две минути

ЗОИ 2026: Норвешка и Италија со по 13 медали најуспешни по пет натпреварувачки дена

Меланија Грозданова под радарот на Атлетико Мадрид – скаути ќе ја следат во Белград