Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Црна Гора во „црвено“, итно предупредување: екстремно висок ризик од пожар

Црна Гора во „црвено“, итно предупредување: екстремно висок ризик од пожар
Img 7972

На територијата на Црна Гора е прогласен црвен метео аларм бидејќи од денеска територијата на таа земја ќе биде под силно влијание на топол тропски бран.

dobivaj vesti na viber

Во некои делови се очекуваат високи тропски температури на воздухот и над 40 Целзиусови степени.

Како што најавуваат од Институтот за хидрометеорологија во Црна Гора, температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а на места се очекува уривање на дневните температурни рекорди. Во најтоплите делови на поширокото подрачје на Подгорица и Даниловград се очекува температурата на воздухот да достигне и да надмине 40 степени.

Температури над 40 степени се најавени во подрачјето на Подгорица и Даниловград. Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора упати предупредување до сите учесници во системот за заштита и спасување и укажа на потребата од зголемување на оперативната подготвеност.

„Оваа метеоролошка состојба, меѓу другото, во наредните денови ќе предизвика интензивно сушење на површината и ниска вегетација и со тоа ќе создаде многу висок до исклучително висок индекс на опасност од пожар, што укажува на многу висок до исклучително висок ризик од пожар (шумски пожар) на отворен простор (FWI околу 50-60)“, се наведува во предупредувањето.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори