Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Црна Гора има повеќе жители за околу два отсто

Crna gora
Img 7972

„Монстат“ ги презентира прелиминарните резултати од пописот, според кои во Црна Гора живеат 633.158 жители. На пописот од 2011 година Црна Гора имаше вкупно 620.029 жители. Прелиминарните резултати вклучуваат објавување на резултатите од пописот по населени места, единици на локалната самоуправа и за територијата на Црна Гора, за бројот на жители, домаќинства и станови и други населени простории. Најмногу жители има во Подгорица и Никшиќ, а најмалку во Шавник, Плужине и Жабљак. Зголемување на бројот на жители е забележано во 13 општини. Најголем пораст на бројот на станови има во Тиват, Улцињ и Будва. Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2023 година почна на 3 декември, а заврши на 28 декември.

 

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите