Утрински Весник
Балкан

Црна Гора ги заострува условите за добивање привремен престој за странци

Crna Gora 1.webp.webp

Владата на Црна Гора ги заостри условите за регулирање на престојот на странски државјани со утврдување измени на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странци.

Ова доаѓа по серијата инциденти со странски државјани што се случија на почетокот на месецов и тензиите во црногорското општество кои следеа потоа.


Една од клучните измени предвидува минималната вредност на недвижниот имот, врз основа на кој странец ќе може да добие привремен престој, да биде 200.000 евра.

Досега немаше ограничување на вредноста, туку привремен престој се добиваше со купување на каков било недвижен имот (стан, апартман, куќа…) без разлика на неговата цена.

На сегашните сопственици на имоти, кои претходно го регулирале својот престој врз основа на тоа, ќе им се даде рок од една година да го усогласат своето право на престој со новите одредби од законот, објави РТЦГ.

Исто така, според еден амандман, странските директори и сопственици на компании ќе мора да вработат најмалку три работници, од кои двајца се црногорски државјани.

„Вториот амандман предвидува дека странските државјани – извршни директори и сопственици на повеќе од 51 процент од капиталот во деловна компанија – ќе мора да имаат најмалку тројца вработени, од кои двајца се црногорски државјани и кои се осигурани со полно работно време“, се вели во владиното соопштение.

Определен е период од 180 дена за усогласување на работењето со новите правила.

Во исто време, интензивирана е меѓуинституционалната и меѓудржавната размена на податоци за влез и престој на странци.

Министерствата за надворешни и внатрешни работи, Министерството за финансии, Даночната управа и Полициската управа ќе бидат одговорни за следење на неликвидните и неактивни компании во сопственост на странци и спроведување процедури за прекинување на престојот кога постојат законски услови

Можете да прочитате

Рама: Италија ќе ги води преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Авион се урна во Србија, едно лице загина

Мицотакис: Најдобриот одговор на поскапувањето е трајното зголемување на приходите