Утрински Весник
Скопје

Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“ во Скопје

Mim 423166.png

Црн чад секојдневно се шири од локацијата на поранешниот дом Ранка Милановиќ. Проблемот со палењето отпад е секојдневие а трајно решение до сега не се најде. Жителите и луѓето кои работат во околината постојано реагираат и испраќаат видео снимки, пријавуваат и во полиција но залудно. Така беше и утрово.

Гуми, кабли, жици, иверици, пластика и најразновиден отпад се гори на оваа локација. Во напуштениот простор на како што го нарекуваат „сивиот дом“ со години живеат ромски семејства. Главна дејност со која се занимаат е собирање и складирање на отпад, а за таа цел имаат и натпис со телефонски број. Разговаравме со еден од нив кој отворено ни кажа дека собираат ѓубре за да заработат некој денар, објави Сител.


Тој тврди дека постојано ги пријавуаат поради чадот, но тоа им било единствен начин за да се греат на зима.

Надлежност за постапување имаат повеќе институции, но ниту една не преземала конкретни мерки да се реши целосно овој проблем. Од Општината Гази Баба велат дека инспекторите секојдневно ја посетуваат локацијата, а најчесто и заедно со полицијата но не биле во можност да изречат глоби бидејќи лицата кои живеат овде се без лични документи.

– Во минатото општина Гази Баба и покрај тоа што објектот е во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади во неколку наврати има извршено комплетно чистење на просторот со механизација на ЈКП Гази Баба и има поднесувано иницијативи за изнаоѓање на решение. Сакаме да нагласиме дека немаше ниту слух, ниту поддршка од минатото раководство на министерството кое одеше до таму што ни забрани да вршиме чистење на просторот бидејќи не бил во наша надлежност.

Од Министерството за животна средина и државниот инспекторат велат дека немаат надлежност за постапување иако последиците од палењето опасен отпад ги чувствуваат илјадници жители од повеќе населби Маџари, Ќерамидница, Ново Лисиче и Аеродром.

Можете да прочитате

Утре без вода една улица во општина Карпош

За утре најавени два прекини во водоснабдувањето во една скопска општина

Дел од Стајковци денеска без вода