Утрински Весник
Свет

Црква во Тесалија стои понакривена и од „Кривата кула“ во Пиза

Ropoto Ekklisia 1 Shutterstock 2048x1365 413153.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Црквата Света Богородица во напуштеното грчко село Ропото е недопрена со, според многумина – импресивен наклон од 17 степени. Со тоа, оваа православна црква е понавалена и од „Кривата кула“ во Пиза.

Ропото е мало село во Тесалија, на падините на планината Каравула. Кога црквата е изградена, била на надморска височина од 750 метри, а денес, според грчките медиуми, целото место е пониско за најмалку 40 метри, поради бројните одрони што го зафатија овој крај последниве 60 години. Иако денес, скоро никој не живее во селото (освен неколкутемина кои одлучиле да останат), црквата – и покрај својата големина, сè уште стои без пукнатини, пркосејќи ѝ и на гравитацијата, и на наклонот.

Занимлива е и внатрешноста на црквата – ѕидовите се целосно голи, без фрески.

За катастрофата се одговорни стрмните падини, и вишокот вода-дождовница што не можела да се слева во околниот поток.

Уште во 1960-тите, на земјиштето околу селото почнале да се појавуваат пукнатини, но тие биле игнорирани… А потоа, на 12 април 2012, се случила катастрофа, принудувајќи повеќе од 300 семејства да ги напуштат своите домови. Поголемиот дел од жителите од полууништените куќи успеале да спасат само дел од своите работи. За Ропото е снимен и документарен филм.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства