Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, бара ослободување и истрага за кршење на човековите права

4cd4bb7f Afbf 4bf0 89d7 107a45226252.jpg

ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, при неговото апсење за време на фудбалски натпревар во Коњаре, кумановско.

Според извор на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал вербално при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово, при што им укажувал на полицајците дека немаат право да го апсат. Притоа, припадниците на специјалните полициски сили се нафрлуваат на новинарот и го соборуваат на земја, што може да се види и од видео снимките на социјалните мрежи.

Објавените видео снимки упатуваат на прекумерна употреба на сила, што може да претставува кршење на човековите права, според ЦИВИЛ. Извори на ЦИВИЛ, исто така, упатуваат на загрижувачки факт – дека новинарот Салиу е претепан од полицијата и дека бил тепан и после приведувањето во полициската станица во Гази Баба. Таквото постапување претставува флагрантно кршење на човековите права!

Очигледно е дека смената на началниците во МВР, под командата на актуелниот технички министер за внатрешни работи, има ваков ефект – пречекорување на овластувањата и полициска бруталност.

ЦИВИЛ бара итно ослободување на новинарот и независна истрага за пречекорување на овластувањата и полициска бруталност против новинарот Салиу, како и кон сите други што денеска биле предмет на вакво постапување на полицијата.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј