Утрински Весник
Македонија

“Цитроенот” со Вања внатре се движел како изгубен

Dfdsf 1.png
Dik 300x250 mk

Гоце дојде кај нас на 28 ноември, следниот ден почнавме да ги прибираме снимките, рече Алекссндар Ѓорчевски на денешното рочиште за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски одговарајчи на прашање на судијата Ивица Стефановски за улогата на неговиот кумашин Гоце Трајковски во потрагата по Вања.

Обезбедив камери од кафулето „Синдикат“ кои се свртени кон зградата. Газдата веднаш ми ги прати снимките. Зорица обеди камери и од бензиската „Окта“ на „Партизанска“. Добивме и од штедилницата „Папилон“ спроти Буњаковец, објасни Александар.


Судијата го допраша и како сфатиле дека Вања не отишла пешки до „Фитнес хаус“.

Јасно е дека не можела толку брзо да стигне од „Мечос“ до таму според сигналот што го емитува нејзиниот телефон преку „гугл мапс“, одговори Ѓорчевски.

За „цитроенот“
Според времето каде што последен пат е евидентирана е 7:37, после тоа беше офлајн. Вања излегла во 7:23 часот. Откако видовме дека пешки не се појавува, се фокусиравме на возилата. Ги прегледувавме возилата најмногу во тие минути. Сомнително кај „цитроенот“ е што се движеше бавно, испушташе густ чад, хаубата беше замрзната. Делуваше дека тргнало од кај зградата. Сите други возила возеа и имаа цел, а ова возило беше како изгубено, објасни тој.

На денешното рочиште во Кривичниот суд после Ѓорчевски, треба да сведочи првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, кој прво треба да биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!