Утрински Весник
Македонија

Циркус пред ССМ: Митревски бара фотелја, но не и работнички права

Img 3014.jpeg

Денес попладне, пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), се случи вистински циркус кога Живко Митревски, сменетиот претседател на ССМ, се појави во обид да се врати на претседателската позиција, тврдејќи дека е нелегално сменет пред седум години. Митревски на прес-конференција одржана во паркчето пред зградата на ССМ, ја изнесе својата верзија, тврдејќи дека е легитимниот претседател на синдикатот.

Во текот на пресот, дојде до судир со актуелниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, кој тврдеше дека сите правни постапки за смената на Митревски се завршени, и дека неговото присуство претставува обид за упад и политички притисок. Според Трендафилов, Митревски не понудил никакви конкретни планови за подобрување на работничките права, особено во контекст на ветеното покачување на минималната плата на 450 евра, што Владата на Мицковски го отфрли.

На прашањето дали ќе го поддржи барањето за покачување на минималната плата доколку се врати на функцијата, Митревски не даде јасен одговор, потенцирајќи дека моментално е тука само за да ја врати својата фотелја, а дека планот и програмата ќе ги презентира подоцна.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека претседателот на ССМ и опозицијата „напаѓаат координирано“ со вршење притисок за зголемување на минималната плата.

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер