Утрински Весник
Македонија

ЦИОС – група, Загреб: „Македонски железници – Транспорт” ни должат 25 милиони евра за кои гарантира државата Македонија со закон од 2004 година

Img 20251024 wa0003.jpg
Dik 300x250 mk

„Македонски железници – Транспорт” АД Скопје имаат отворен долг кон „Хрватски железници – Карго”, кој е меѓународно признат и за кој Република Македонија има издадено државна гаранција со Закон за гаранција од 2004 година, информираат од ЦИОС

,,Овој долг произлегува од обврските на „МЖ – Транспорт” кон „ХЖ – Карго”, регулирани со Договорот со Меѓународната железничка унија (UIC – Union Internationale de Chemin de Fer), склучен во јуни 2004 година. Со овој договор Република Македонија ги презела обврските на „Македонски железници”.


(сл. весник бр. 83 од 24.11.2004, https://www.slvesnik.com.mk/Issues/296B131AE6A23144B0652073DB50494B.pdf)

Во 2010 година, нашата компанија „ЦИОС – група” на меѓународен јавен тендер ги откупи сите побарувања на „ХЖ Карго” кон железничките компании од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и Албанија), во вкупен износ од 44.679.978,18 милиони евра. Како „ЦИОС – група” успешно постигнавме спогодбено порамнување со сите земји освен со Македонија, каде што останува нејасно зошто институциите со години не одговараат на нашите повици за договор.

За промената на доверителот „Македонски железници – Транспорт” се известени официјално од „ХЖ Карго” и „UIC со формални дописи во 2011 година (документи во прилог).

Претседателот на Управниот одбор на ЦИОС Група, Рафаел Клеменс Барт, истакнува дека решението е можно:

„Основниот долг, во износ од околу 3,85 милиони евра, до крајот на 2023 година порасна на повеќе од 25 милиони евра со камати. Секоја година се додаваат околу 2 милиони евра нови камати, едноставно затоа што нема порамнување. Веќе 15 години, моите претходници во CIOS Група бараат дијалог и преговори за решавање на спорот, но институциите не покажаа ниту интерес, ниту иницијатива да се спречи ова непотребно зголемување. Сепак, остануваме посветени на пронаоѓање фер, одржливо и задоволително решение за двете страни – преку вонсудско порамнување.”

ЦИОС – група дополнително појаснува дека каматата се пресметува според Кодексот 311 на Меѓународната железничка унија (UIC) – унифициран систем кој применува едномесечна стапка на Еурибор зголемена за 5%, со сложена каматна пресметка. Од 2000 година наваму, се користи Еурибор објавен од Европската централна банка.

Долгот, кој во 2009 година изнесувал нешто помалку од 4 милиони евра главнина, поради долгогодишна неактивност и отсуство на договор од страна на македонските влади од 2007 година до денес, нарасна на над 25 милиони евра.

Секој дополнителен месец носи нов раст на каматата – приближно 2 милиони евра годишно. ЦИОС – група е подготвена да се стави крај на долгогодишниот спор – во интерес на Македонија и на сите засегнати страни” се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ „на готово“ доби уште една општина – се повлече независниот кандидат за Могилa

ВРЕДИ: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”

Синдикатот на контролорите остро до М-НАВ: Вашите изјави се лага и манипулација