Утрински Весник
Свет

Циклонот Фреди го опустоши Малави: бројот на загинати се искачи на над 1.000, бурата однесе куќи и патишта

Циклонот Фреди го опустоши Малави: бројот на загинати се искачи на над 1.000, бурата однесе куќи и патишта

Бројот на загинати од циклонот Фреди се искачи на повеќе од 1.000 луѓе, изјави денеска претседателот на Малави, Лазарус Чаквера.

dobivaj vesti na viber

Претседателот не даде објаснување зошто бројот на загинати скокна толку многу од проценката на 20 март за повеќе од 500 луѓе, но стотици луѓе се уште се водат за исчезнати во Малави, објави Ројтерс.

Јужноафриканската нација беше погодена од една од најсмртоносните бури на континентот во последните две децении, што предизвика хаос не само во земјата, туку и во Мозамбик и Мадагаскар.

Циклонот Фреди се појави во тој регион на крајот на февруари, а се врати во март.

„Бурата погоди повеќе од два милиони луѓе и расели околу половина милион, бидејќи однесе куќи, патишта и друга инфраструктура“, рече Чаквера.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона