Утрински Весник
Македонија

Циклони од Џенова: Првата половина од февруари многу влажна

Meteoalarm.mk 45.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Првата половина од февруари 2026 во Македонија ќе биде многу променлива  и често врнежлива. Постојано ќе бидеме под влијание на циклонски активности (поле со нисок воздушен притисок) со центар над Џеновскиот залив. Во ваква ситуација кај нас во Македонија ќе имаме често врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Очекувам локално да наврне значително количество на дожд и тоа над 50/60 литри на метар квадратен дожд. Токму поради ова овој месец повторно имаме опасност од ново излевање на реките  и од нови поплавувања во Македонија.

Температурите пак во првата половина од февруари 2026 ќе бидат релативно високи и релативно над просекот за месец февруари што значи дека екстремни студови нема на повидок.

Можете да прочитате

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје