Утрински Весник
Македонија

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Во изминатите 24 часа наврнаа дури 65 литри дожд на м/2!

Meteoalar.mk .dozhd .grmezhi.png

Циклонската активност над Македонија во изминатите 24 часа услови обилни врнежо од дожд во поголем дел од Македонија. Најмногу дожд до 8 часот утринава наврна во Лазарополе и во Пожаране, дури 65 литри дожд на м/2.

Во Крушево и Прилеп утринава е најсвежо со 11 степени, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 17 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утринава, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, викендов и понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност, па така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд  на повеќе места, локално пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Над 40 авто-школи под надзор, постојат сомнежи дека ги договарале цените за обука

Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Осумдневно бебе донесено без знаци на живот во прилепската болница