Утрински Весник
Македонија

Циклон над Македонија: Ќе дува силен ветер до 80 км/час, ќе имаме и нови врнежи

Vreme Veter Vetrovioto.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас во нашата Република Македонија продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината и тоа поради силното јужно и југозападно струење на висина кое условува прилив на топол воздух од југозапад кон нашата Македонија. Ќе имаме  и повремени локални врнежи од дожд кои на повеќе места пообилни ќе бидат во понеделник и во вторник (27 и 28 октомври) кога локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи.


Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. И во Скопје  и околината пообилни врнежи ќе има во понеделник и во вторник (27  и 28 октомври) а ќе дува  и повремено засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите тие до 27 октомври (понеделник) ќе бидат без промени и натпросечно високи а позначително заладување и продор на ладен воздух од север ни следува од вторник (28 октомври) кога ќе дува засилен ветер од северен правец а на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Поради очекуваниот силен ветер во нашата Македонија, ги советувам граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно во случај на појава на силен ветер истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Можете да прочитате

Почнува зимскиот ред на летање

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017