Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Италијанецот Јаник Синер во осминафиналето на Австралија опен и избори место меѓу осумте најдобри на турнирот во Мелбурн.
Циципас водеше со 2:0 во сетови, а потоа му дозволи на Синер да дојде до израмнување, но во петтиот сет повторно го подигна нивото на играта и стигна до голем триумф. На крајот, по речиси четири часа на „Род Лејвер Арена“ Гркот победи со 3:2 во сетови (6:4, 6:4, 3:6, 4:6, 6:3).
Противник на Стефанос Циципас во четврт-финалето ќе биде Чехот Јиржи Лехечка, додека другата четвртфинална двојка во горниот дел од костурот ја сочинуваат Американецот Себастијан Корда и Русинот Карен Хачанов.