Утрински Весник
Балкан

Циарас ги повика грчките земјоделците на дијалог 

Zemjodelie.jpg

Грчкиот министер за земјоделство Костас Циарас оцени дека дел од барањата на земјоделците се оправдани и најави можност за дополнителни интервенции, додека протестите низ земјата траат веќе 16 дена. Како што истакна, Владата со месеци е во дијалог со земјоделците, а постои простор за разгледување нови мерки, јави дописничката на МИА од Атина. Циарас посочи дека можните интервенции се однесуваат на намалување на трошоците за производство, пониски и постабилни цени на електричната енергија и нафтата, како и измени во земјоделското осигурување, со цел целосно обесштетување на штетите.

Министерот ги повика претставниците на земјоделците на итен и суштински дијалог, нагласувајќи дека решенијата мора да ги земат предвид и потребите на производителите и реалните можности на државата. Во меѓувреме, земјоделците ѝ доставија писмо на Владата со своите барања, меѓу кои се итна исплата на долговите, гарантирани минимални цени, намалување на производствените трошоци, зголемување на земјоделските пензии и санкционирање на злоупотребите со европските субвенции.

Протестите започнаа на 30 ноември и се одвиваат со блокади низ цела Грција, вклучително и на граничните премини кон Северна Македонија, Бугарија и Турција.

Можете да прочитате

„Можеме!“ бара вонредна седница поради фемициди во Хрватска

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра во Хрватска

ДП го прекина учеството во комисиите за изборните реформи и територијалната поделба