Утрински Весник
Свет

ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива во Курск за да ја врати територијата

20240828194343 Big 730x400 46.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата во регионот Курск заземена од украинската војска, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.

– Можеме да бидеме сигурни дека Путин ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати таа територија. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде тешка борба за Русите, рече Коен на конференција, пренесува Бета повикувајќи се на Радио Слободна Европа.

Додека Киев нагласи дека нема намера да ја анектира областа што ја зазеде, украинската војска гради одбранбени линии и се чини дека имаат намера да задржат „дел од таа територија некое време“, рече Коен на конференција во Мериленд.

Украина тврдеше дека освоила 100 населени места за време на офанзивата во областа Курск, додека руските сили продолжуваат да напредуваат во украинскиот регион Доњецк

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење