Утрински Весник
Свет

„Чуствував како нешто ладно ме лази по грб“-Поради кобра во авионот пилот морал принудно да слета

„Чуствував како нешто ладно ме лази по грб“-Поради кобра во авионот пилот морал принудно да слета

Откако пилотот забележал кобра како лази низ пилотската кабина и се крие под неговото седиште, јужноафриканскиот патнички авион принудно слетал на аеродромот во градот Велком.

dobivaj vesti na viber

Пилотот Рудолф Еразмо не ја забележал кобрата се додека авионот со кој летал не бил на надморска височина од три километри.

„Искрено, не регистрирав што се случува. Само што почувствував како нешто ладно ми ползи по мојата кошула на мојот грб. Мислев дека можеби е вода од шише кое не го затворив како што треба, но кога се свртев и погледнав надолу, видов кобра како ползи и исчезнува под седиштето“, рекол Еразмо.

Како што пренесува Би-Би-Си, каснувањето од кобра е смртоносно и може да доведе до смрт за само половина час.

„Кога ја видов, тоа беше момент на стравопочит. Се плашев змијата да не отиде назад меѓу патниците бидејќи ќе предизвика паника. Затоа ги известив дека во мојата кабина има змија и дека ќе се обидам да слетам што е можно поскоро. Меѓу патниците владееше таква тишина што можеше да се слушне како паѓа игла“, рекол пилотот.

Тој додаде дека пилотите се обучени за многу непредвидени ситуации, но тоа не вклучува средба со отровни змии во пилотската кабина.

Комесарот за цивилна авијација на Јужна Африка, Попи Кос, рече дека Еразмо покажал „голема вештина што спасила животи“. Сепак, тој кажал дека не се чувствува посебно за она што го направил.

„Тоа е малку претерано. А и моите патници останаа мирни“, кажал тој.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи