Утрински Весник
Македонија

Чупеска: Интеркултурализмот е следниот чекор по Охридскиот договор

Chupeska2sdsm.jpg

По две децении од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Северна Македонија е една од ретките држави во регионот која успеа да го институционализира мултикултурализмот во својот политички систем, порача во интервју за списанието „Предизвици“ потпретседателката на СДСМ и професорка, Ана Чупеска.

„Преку уставни измени, механизми за гарантирано претставување, и принципот на бадентерово мнозинство, државата воспостави либерален модел на мултикултурна акомодација, кој обезбедува мирна коегзистенција и политичка рамнотежа меѓу различните етнички и културни заедници“ вели таа.


Но според потпретседателката на СДСМ, вистинската социјална кохезија – онаа што постои во секојдневната интеракција меѓу луѓето, не само во институциите – бара повеќе од рамковна распределба на моќта.

„Мултикултурализмот мора да се надгради со интеркултурализам – процес кој ќе ги поттикне културите активно да се сретнуваат, да комуницираат и да создаваат заеднички вредности“.Интеркултурализмот не е замена, туку еволуција. Тој не го негира идентитетот на различните заедници, туку ги охрабрува да живеат не само една покрај друга, туку едни со други. За да се постигне ова, неопходни се политики на образовна инклузија, културна соработка и граѓанска интеграција, како и искрено откажување од етнокорпоративните политички практики. Ова не е само политичко прашање, туку прашање на опстанок на демократијата. Ако сакаме стабилност, мора да изградиме општество во кое разликите се мостови, а не ѕидови“, истакна Чупеска.

Можете да прочитате

На аџилак заминуваат 2020 муслимански верници од нашата земја – Највозрасниот 80, најмладиот 10-годишен

Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Крива Паланка

УХМР: Од среда не очекува променливо време