
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во интервју за Рацин.мк потсети дека за време на мандатот на нејзината партија, фемицидот бил етаблиран како посебно кривично дело, но дека актуелната власт не покажува слух за решавање на ова прашања.
Според неа последниот случај но и претходни случаи на фемицид покажуваат дека во општеството има ситуација на институционално овозможено насилство.
„Не се сложувам дека станува збор за институционална немоќ, туку станува збор за обратно: институционално овозможено насилство. И тоа не само низ овој пример, туку низ низа претходни епизоди, кои биле системски овозможени. Во таа смисла, очигледната негрижа и неспособност на оваа власт да ги заштити најранливите, резултира не ретко со фатални последици. Инаку, во мандатот на СДСМ, фемицидот, беше етаблиран како посебно кривично дело, но и покрај тоа, капацитетите на актуелната власт по ова прашање, веројатно поттикнати од назадни и антиродови ставови, не покажуваат никаков слух“ порача Чупеска