Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Човек тестирал една од најбезбедните земји во светот: Го оставил лаптопот во кафуле и си заминал

Човек тестирал една од најбезбедните земји во светот: Го оставил лаптопот во кафуле и си заминал
300x250 opst2

Алтин Саиди, тиктокер, јутјубер и новинар кој претходно работел во CNBC, често споделува интересни и едукативни содржини на своите профили на социјалните мрежи.
Неговите објави ги следат многу луѓе, а неодамнешно видео собра повеќе од 22 милиони прегледи.

dobivaj vesti na viber

Имено, Аптин спроведе интересен експеримент во една од најбезбедните земји во светот, Сингапур. Решил да го остави лаптопот на маса во кафуле и да оди на ручек. Сакал да провери дали некој ќе му го украде лаптопот или ќе го најде на местото каде што го оставил пред да оди на ручек.

„Оваа земја има една од најниските стапки на криминал во светот. Затоа, денес ќе го оставам мојот лаптоп во еден ‘Старбакс’ на еден час, не кажувајќи никому да го гледа“, објаснува Аптин.

Тој спомна дека Сингапур го елиминирал криминалот и дека таму достигнале низа од 250 дена во кои не е забележан ниту еден вообичаен вид криминал.

„Тоа значи дека ничиј мобилен телефон не е украден повеќе од осум месеци во целата земја“, вели тој во видеото.

„Постојат три причини зошто Сингапур има ниска стапка на криминал: како прво – чесноста, почитта и правичноста се голем дел од културата овде“

„Второ, основните потреби се задоволени, така што луѓето не прибегнуваат кон криминал. Повеќето луѓе овде живеат прилично добро, економијата и владината програми го овозможуваат тоа. Никогаш нема да видите бездомник.“

„И трето е надзорот. Насекаде има камери кои штитат од криминал, а последиците за кражба се доста строги.“

Во моментот на пишување, видеото на поранешниот новинар собра над 20 милиони прегледи на „Тик-ток“и го привлече вниманието на неколку локални медиуми.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи